Македонија ЃП подобра од Кожуф, Беласица без голови и со Кит Го

Фудбалерите на Македонија ЃП триумфираа со 2-1 против Кожуф во Гевгелија на последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

„Лавовите“ до победата дошле со пресврт откако домашните повеле со гол од пенал во првото полувреме. Но, во второто полувреме Македонија ЃП со погодоците на Бенјамин Демир и Боби Божиновски дојде до победата.

Струмичка Беласица, пак, ремизираше повторно без голови. По ремито против Тиквеш, Беласица сега одигра без победник и со еден од најдобрите клубови од Втората лига – Исток, Кит Го од Пехчево.

Се вчитува...