Македонија ЃП подобра од Сабаил

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП имаше успешна проверка против Сабаил, тимот од Азербејџан каде настапува голманот Даниел Божиновски. На пријателскиот меч во Банско, „лавовите“ славеа со 1-0 и покажаа дека се подготвени за настап во квалификациите од Лигата на Европа.

Единствениот погодок на мечот беше дело на Ален Јашароски во првото полувреме. Составот на Александар Танески ќе ги одмери силите со Алашкерт во првата рунда од квалификациите во Лигата на Европа.

 

Се вчитува...