Македонија ЃП ремизираше без голови со Банско

Македонија ЃП ремизираше без голови со бугарскиот третолигаш Банско на пријателскиот натпревар кој се одигра денеска во бугарскиот туристички центар.

„Лавовите“ кои централните свои подготовки пред стартот на новата сезона ги реализираат во Банско планираат уште два тест дуели како начин за темпирање на формата.

Тренерот Александар Таневски верува дека Македонија ЃП максимално подготвено ќе го дочека стартот на прволигашката сезона и враќањето на тимот од Ѓорче Петров во елитното друштво.

Се вчитува...