Македонија ЃП се засили со младинскиот репрезентативец Билали

Македонија ЃП во новата прволигашка сезона ќе биде засилена и со младинскиот репрезентативец, 20-годишниот Сабит Билали.

Билали, кој доаѓа од редовите на Гостивар, се договори за едногодишна соработка со „лавовите“ како и неговиот соиграч Илирид Адеми.

Билали, кој игра во средниот ред, потекнува од фудбалската школа на Динамо Загреб каде беше до 2016 година. Потоа една сезона беше дел и од тетовска Шкендија, а изминатава сезона настапуваше во редовите на второлигашот Гостивар.

Се вчитува...