Македонија и Косово ќе играат во јуни пред публика?!

Полуфиналето од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово дефинитивно нема да се игра на 26 март, а според последните информации веќе е одреден и нов термин за одигрување на овој натпревар. Како што објави Олимпискиот Комитет на Косово на својот официјален профил на твитер, овој натпревар на програмата ќе биде во јуни 2020 година.

Се очекува УЕФА во текот на денот покрај термини за завршницата од европските купови, да одреди и термини за завршните натпревари од Лигата на Нации, со што ќе бидат познати и последните учесници на европскиот шампионат, што е презакажан за 2021 година.

Желба на сите е овие натпревари да се играат пред полни трибини, па се очекува во следните три месеци да дојде до нормализирање на состојбата и давање зелено светло за нормализирање на спортските настани.

Се вчитува...