Македонија и натаму на 68. место на ФИФА листата, само една промена во времето на Ковид-19

Македонската фудбалска репрезентација, сосема очекувано, си остана на 68. место на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска во период кога фудбалот е „мртов“ поради коронавирусот.

Македонија со 1347 бода е на 68-та позиција, на листата на која има само една промена воопшто. Јужен Судан единствено на цела листа напредуваше за една позиција и сега е на 168. место.

На врвот на листата и натаму е Белгија со 1765 бода, пред Франција со 1733 бода и Бразил со 1712 бода. На четвртото место е Англија, а понатаму во Топ 10 следат и Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Се вчитува...