Македонија има два шаховски тима во Топ 8 во Европа: Алкалоид шести, Гамбит – осми на ЕКШ!

Македонија заедно со Русија се единствените две земји кои имаат по два тима во најдобрите ТОП 10 шаховски клубови на Стариот континент. По последното коло, кое денеска се одигра во Порто Карас, ШК Алкалоид на крајот заврши на 6. место а ШК Гамбит Асеко постигна извонреден успех завршувајќи на 8. место на Европскиот куп на шампионите!

Во последното, 7. коло, Алкалоид славеше убедливо со 4,5-1,5 против израелскиот Бер Шева, благодарение на победите на Лирен Динг, Ју Јангжи и Дмитриј Јаковенко. Па на крајот „фармацевтите“ со 11 бода се најдоа на делба на третото место, но Алкалоид заврши на шесттата позиција.

 

ШК Гамбит Асеко, пак, во последната рунда со 3,5-2,5 славеше против англискиот Вуд Грин, со победите на Стојчевски, Динев и Андоновски а последен за победа ремизираше Николовски на третата табла.

Па шахистите на Гамбит со вкупно 10 бода на крајот запишаа извонреден успех завршувајќи на осмата позиција на табелата, иако согласно рејтингот пред натпреварувањето беа рангирани на 27. место од вкупно 61 тим колку што учествуваат на Европскиот куп на шампионите.

ШК Гамбит зад себе на табелата на крајот остави и тимови како Одлар Јурду од Азербејџан и Бер Шева од Израел кои беа рангирани во првите десет пред почетокот на Купот. Нов европски шампион е екипата на Медњи Всадник од Санкт Петербург, Русија, која заврши со 6 победи и еден пораз и тоа од Алкалоид.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА…

Се вчитува...