Македонија има ново „чудо од дете“: Рубин тргнува по стапките на Врбица Стефанов

Македонија има нов кошаркарски суперталент на повидок, со оглед на извонредните партии што ги прикажува Рубин Стефанов. Ова 12-годишно момче, кое е син на нашиот долгогодишен репрезентативец Врбица Стефанов, покажува неверојатен талент и повеќе од јасно е дека тргнува по стапките на својот татко, кој е еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња.

Со само 12 години, Рубин како член на МЗТ Скопје делува доминантно не само во дуелите со своите врсници туку и со далеку повозрасните противници. Бисер за кој со сигурност може да се каже дека е светлата иднина за македонската кошарка.

Се вчитува...