Македонија има свои претставници меѓу судиите, Начевски и Николов ќе ја делат правдата на ЕП 2022

Македонија ќе има свои претставници меѓу судиите на Европското ракометно првенство, откако Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се најдоа на листата на главни арбитри. Овој турнир ќе биде одигран во јануари, а земји-домаќини ќе бидат Унгарија и Словачка.

Во последните десетина години македонските судии постојано се дел од големите ракометни турнири, па тие и овој пат ја предводат листата на која се наоѓаат 18 двојки – судии.

Арбитрите од Балканот доминираат, а ова е само уште еден доказ дека најдобрите судии во Европа доаѓаат од овие простори.

Се вчитува...