Македонија загуби едно место во Европа: Во сезоната 2024/25 со само три екипи во европските натпреварувања!

Европската куќа на фудбалот ја објави неофицијалната пристапната листа на клубовите за сезоната 2024/25 во европските клупски натпреварување, според која Македонија е на очајното 52 место на листата, со што загуби едно место за следната сезона на европската сцена.

Според пристапната листа, Македонија во следната сезона на европската сцена ќе има само три претставници, и тоа еден во квалификациите за Лигата на шампионите и две во квалификациите за УЕФА Конференциската лига од кои едно за победникот во Купот на Македонија и уште едно за второпласираната екипа во првенството. Трите македонски клубови натпреварувањето ќе го почнат во првото квалификациско коло.

Иако листата се уште е неофицијална, по завршувањето на квалификацискиот дел од европските натпреварување и по неуспехот на Струга ТЛ да се избори за место во групната фаза од Конференциската лига, сосема е јасно дека Македонија нема да може да направи скок од две места на листата колку што е неопходно за да добие уште еден претставник на европската сцена.

Македонија на 52. место на листата, според клупскиот коефициент, е единствено пред Андора, Црна Гора и Сан Марино. Пред нас на листата се Гибралтар на 51. место и Велс на 50. место – позиција која носи четири места на европската сцена.

Очајните изданија на нашите клубови на европската сцена изминативе години придонесоа Македонија да е на самото дно на европскиот клупски фудбал поради што од следната сезона ќе има само три места во Европа.

Се вчитува...