Македонија ја победи Шведска, на чекор од финални квалификации за СП 2024!

Македонија ја победи Шведска со 3-1 во четвртиот натпревар од претквалификациите за пласман на СП 2024, со што го запоседна второто место во Групата 10 и сега е на чекор од обезбеди квалификации за мундијалски настап.

За да македонската селекција остане на второто место кое води кон бараж за квалификации неопходно е на 9. март во последниот натпревар од групата Италија, која веќе има обезбедено квалификации, да ја победи Шведска.

На денешниот натпревар Македонија до победата дојде во второто полувреме откако првиот дел против Швеѓаните мина без погодоци. Но, само што почна вториот дел, Ранготов со два погодоци во 21. и во 26. минута донесе 2-0 за Македонија.

Откако Шведска намали на 2-1 со голот на Диаз во 30. минута, Леовски во 39. минута ги постави конечните 3-1. На тој начин Македонија и се реваншираше на Шведска за поразот во првата меѓусебна пресметка од 3-5.

Сега Македонија е на второто место во групата со 4 бода, зад Италија која е со 7 бода. Во последниот натпревар во групата, на 9. март, Италија треба да ја победи Шведска за да македонската селекција остане на второто место и игра меѓу најдобрите европски селекции во квалификациите за СП. Во квалификациите ќе играат вкупно 20 европски репрезентации, поделени во пет групи по четири селекции. Само првопласираните од тие групи ќе обезбедат учество на Мундијалот.

Се вчитува...