Македонија како 67. фудбалска нација во светот ја заврши 2021 година

Фудбалската репрезентација на Македонија историската 2021 година ќе ја заврши на 67. позиција на ранг листата на ФИФА. Годината во која за првпат се пласиравме на едно големо натпреварување (ЕВРО 2020), а успеавме да избориме и бараж за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар е досега најуспешната во историјата на македонскиот фудбал.

Нашиот противник во баражот за пласман на Мундијалот, Италија годинава ја заврши на шестата позиција, додека можните противници во финалето, Португалија и Турција се осма односно 37. светска сила.

На врвот останува Белгија, а во топ 5 се уште и Бразил, Франција, Англија и Аргентина.

Се вчитува...