Македонија казнета од ЕХФ поради бојата на чорапите на ракометарите!

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Ракометната Федерација на Македонија ќе треба да плати 2.000 евра како казна изречена од ЕХФ поради непочитување на правилата околу опремата на репрезентативците.

Конкретно, станува збор за чорапите што ракометарите ги носеле за време на премиерниот дуел со Словенија. ЕХФ инсистира на носење на идентична опрема, а откако тоа не било случај со македонската репрезентација веднаш следеше и казна од европската куќа на ракометот.

Сумите за казни дефинитивно скокаат, ако се знае дека Македонија беше казнета за иста работа на ЕП 2018 во Загреб, кога санкцијата изнесуваше 1.000 евра во касата на ЕХФ.

Се вчитува...