Македонија ќе биде домаќин на ЕП 2018 во планинско трчање

Атлетската федерација на Македонија, Македонија и градот Скопје, официјално ја добија организацијата на 17. Европско првенство во планинско трчање.

За време на Конгресот на ЕАА на Европското првенство во атлетика во сала во Белград беше доделена организацијата на овој настан на Македонија по што и официјално се потпишани договорите од страна на претседателот на Европската aтлетска асоцијација, Свен Арне Хансен , како и претседателот на Атлетската федерација на Македонија, Крсте Серафимовски.

На ова Европско Првенство, Македонија ќе биде домаќин во 2018 година, или поточно на 1. јули 2018 , на падините на Водно, каде ќе се трча во два правци.

Се очекува на овој голем настан да присуствуваат околу 250 – 300 атлетичари, од повеќе од 30 држави, со голема веројатност бројката да биде зголемена како ќе се ближи Европското Првенство.

Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во поединечна и во екипна конкуренција и во следните дисциплини:

-Младинци на 8 км, во два круга ( мажи )

-Сениори на 12 км, во три круга ( мажи )

-Младинки на 4 км, во еден круг ( жени )

-Сениорки на 8 км, во два круга ( жени )

Како што е познато, 16. Европско првенство во планинско трчање ќе се одржи оваа година, на 8. јули и тоа во Камник, Словенија, каде ќе се одржи и официјалното примопредавање на домаќинството од Словенија на Македонија.

Овој настан како еден од најголемите спортски настани кој ќе одржат во Македонија, е од навистина големо значење за македонската атлетика, како за Македонија, така за Атлетската федерација на Македонија и за градот Скопје.

Препораката од (ЕАА) е доколку се покажеме како добри домаќини во иднина ќе биде доделено и поголемо атлетско натпреварување во Македонија.

Се вчитува...