Македонија доби уште едно големо признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ). Извршниот комитет на ЕХФ денеска официјално потврди дека нашата земја ќе биде домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години (кадети), кое ќе се одигра во 2028 година.
Младинскиот ракометен самит е закажан за термините во јули и август 2028 година. ЕХФ има целосна доверба во македонските организациски капацитети, по серијата успешно спроведени младински собири во изминатите години.
На истиот состанок, куќата на европскиот ракомет донесе одлука и за собирот на генерацијата под 20 години. Организацијата на Европското првенство за младинци (У20) во 2028 година и е доделена на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
