Претставници на фудбалските Асоцијации на Македонија, Италија, Португалија и Турција, учесници во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2022 одржаа oн-лајн состанок на кој беше разговарано за организациските предизвици за дуелите во март следната година.
Македонија во Палермо на 24. март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на околу 1300 влезници (5% од вкупниот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“).
Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар доколку успееме сензационално да го победиме Европскиот првак, Италија.
Вториот бараж меѓу Португалија и Турција ќе се одигра на „Драгоа“ во Порто, а доколку Португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат на стадионот во Порто. Во случај Турција да ја совлада Португалија, Турската фудбалска Федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин на финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА