Македонија ќе ги игра кошаркарските претквалификации во Талин со Чешка, Естонија и Израел

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин, на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА.

Поточно во Талин, односно Гливице и Истанбул, вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници).

Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.

Ждрепката одржан денес посака Македонија да биде во групата „А“ каде се и селекциите на Чешка, Естонија и на Израел.

Се вчитува...