Македонија ќе се бори за петтото место на турнирот во Бугојно

Кадетската репрезентација Македонија ќе се бори за петтото место на силниот ракометен турнир во Бугојно, дуел во кој „црвено-жолтите“ за ривал ќе ја имаат Швајцарија. По стартните порази од Полска и од Словенија, македонските кадети заиграа многу подобро во последните два дена, па вчера славеа над БиХ, за денеска да го декласираат и составот на Катар со преубедливи 38-20.

Македонскиот национален тим беше подобар ривал од самиот почеток, на одмор замина со 18-13, за потоа со фанатична одбрана да им дозволи на противниците да постигнат само седум погодоци во вториот дел, за на крајот да се триумфира со преубедливи 18 гола разлика.

Димитровски беше најефикасен во редовите на Македонија со девет гола, пред Јагуриновски со седум и Димитриоски со шест погодоци.

Се вчитува...