Македонија конечно го дочека вистинскиот Филип Талески (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада Романија со 30-22 во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска и со голема предност ќе патува на реваншот во Букурешт кој е закажан за во сабота.

Филип Талески беше убедливо најдобриот поединец во таборот на „црвено-жолтите“ завршувајќи ги натпреварот со десет гола, односно една третина од погодоците на нашата репрезентација.

Неправедно долго оспоруваниот Тале конечно блесна и конечно покажа дека сепак има огромен ракометен талент. Цепелини, атракции, проектили, а се беше крунисано со гол „а-ла“ Кирил Лазаров со кој ја „збесна“ публиката во „Борис Трајковски“.

Популарниот Тале беше критикуван буквално за секој пораз изминатите три години на Македонија, а тој продолжи да работи и вечерва и повеќе од заслужено покажа зошто заслужува да го носи дресот со националните бои.

 

 

Се вчитува...