Македонија-Косовo и дефинитивно без публика

Натпреварот од баражот за пласман на Европското првенство 2021 меѓу Македонија и Косово и дефинитивно ќе се игра без присуство на публика. Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука паричните средства од продажбата за билети за мечот Македонија и Косово да бидат рефундирани. Тоа значи дека и дефинитивно „црвено-жолтите“ ќе ја немаат подршката на фановите на најважниот меч во историјата на македонскиот фудбал кој ќе се одигра на 8. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Донесени одлуки на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија:

–  У.О. на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) кои ќе се распределат на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2МФЛ, Трети лиги, Младински конкуренции и Женска фудбалска лига);

–  У.О. на ФФМ донесе одлука за враќање на паричните средства од продажбата на билети за полуфиналето од Лига на Нации меѓу Македонија и Косово;

–  У.О. на ФФМ ги усвои предлог пропозициите за Куп натпреаврување во футсал за натпреаврувачката сезона 2020/21, пропозициите за Втора футсал лига за натпреаврувачка сезона 2020/21 и предлог пропозициите во млади категории за девојчиња за натпреварувачката сезона 2020/21.

Се вчитува...