Македонија минимално поразена од Кувајт на вториот тест во Инџија

Македонската ракометна репрезентација во подмладен состав загуби од Кувајт со 22-23 (13-14) на вториот контролен натпревар за време на подготовките во Србија.

Главно со истиот состав како и на првиот дуел селекторот Данило Брестовац го почна натпреварот. Се играше рамноправно во првиот дел, со тоа што Македонија имаше предност од 9-7 по 15 минути игра, но во финишот противникот успеа да стигне до пресврт за конечни 13-14 на полувремето.

Во второто полувреме македонските репрезентативци тргнаа поагресивно во одбраната но Кувајт одржуваше минимална предност, за да во 43. минута дојде и до 17-14. Во 50. минута противникот поведе и со пет гола (20-15) за да во самиот финиш македонските ракометари ублажат на крај за минимален пораз од 23-24.

Утре македонската експедиција се сели во Букурешт, каде во сабота ја очекува пријателската средба со Алжир во рамките на „Трофеј Карпати“. Тоа е турнир со Ф4 формат, а вториот дуел е меѓу домашната Романија и селекцијата на Холандија која е учесник на ЕП 2020.

МАКЕДОНИЈА: Кизиќ, Митревски (12 одб), Костески 3, Н. Маркоски 1, В. Маркоски, Мишевски 2, Димитриоски, Танкоски 4, Георгиевски, Димитриевски, Петров 1, Кукуловски 1, Серафимов, Јагуриноски 1, Маџовски 2, Поповски 3(3), Крстевски, Манасков, Велковски 3, Аларов

Се вчитува...