Македонија може да почне да сонува – Промо видео пред ЕП 2020

Европската ракометна федерација со промо видео го најави учеството на Македонија на Европското првенство кое од 10. до 26. јануари следната година ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска. Тие во видеото го претставуваат нашиот капитен Кирил Лазаров, кој е рекордер по бројот на постигнати голови на еден самит на најдобрите во Европа. Видеото носи наслов „Македонија може да почне да сонува“, а цела македонска јавност се надева дека црвено-жолтите ќе можат тој сон да го претворат во јаве.

Македонија на ЕП се наоѓа во група со домаќинот Австрија, Чешка и Украина.

 

Се вчитува...