Македонија му беше „под чест“, сега ќе игра во втора лига

МЗТ Скопје изненади многумина со минатонеделното соопштение дека ја прекинува соработката со Џабари Хиндс, плејмејкерот кој беше еден од најдобрите кошаркари на „металците“ во досегашниот дел од сезоната. Управата како причина за разделбата го наведе непрофесионалниот однос на кошаркарот, кој меѓу другото и со потценување гледал на македонскиот шампионат, барајќи изговор што поретко да игра во Првата лига.

Хиндс не остана премногу долго без клуб, откако експресно си најде ангажман – во втората лига на Турција. Тој потпиша договор со Петкимспор, тим од второто по ранг натпреварување во Турција. Станува збор за екипа што моментно е второпласирана, а во Хиндс гледа значително засилување во обид да влезе во елитното друштво.

МЗТ Скопје во меѓувреме ја продолжува потрагата по нов плејмејкер што би го заменил Хиндс, трансфер што ќе мора да биде комплетиран најдоцна следната седмица, со оглед на фактот дека преодниот рок во мак-баскетот завршува пред почетокот на Супер-лигата.

Се вчитува...