Македонија на 15.место на ЕВРО 2020, Данците се простија со победа против Русија

Ракометната репрезентација на Македонија го завршува настапот на Европското првенство на 15.позиција. Ова откако Данска ја совлада Русија со 31-28 во последниот меч од прелиминарната фаза на шампионатот. Тоа е најлош пласман за македонските ракометари на европските првенства во последните осум години.

Данска се прости од ЕВРО 2020 со победа против Русите. Селекцијата на Едуард Кокшаров имаше водство од три гола (15-12) на полувремето, но во вториот дел се разигра Микел Хансен, Данците заиграа многу побрз ракомет, влегоа во ритам и на крајот славеа триумф. Сепак, за нив првенството завршува, како и претходно за Франција, иако важеа за големи фаворити за освојување медал.

Се вчитува...