Македонија на 40. место на ранг-листата на ФИБА

Кошаркарската репрезентација на Македонијаа се наоѓа на 40. место на најновата ранг-листа што денеска беше објавена од страна на ФИБА.

Во однос на претходниот ранкинг ова претставува пад од една позиција, па во меѓувреме пред „црвено-жолтите“ на 39. место скокна селекцијата на Велика Британија. Поразот од Швајцарија остави своја трага, па пред Македонија на оваа ранг-листа се најдоа и селекции како Филипини, Кореја, Уругвај, Сенегал…

Од нашите наредни противници, Македонија е најдобро рангирана во претквалификациската рунда, Косово се наоѓа на 81. позиција, додека Романија има ранкинг на 58. место.

На врвот нема никакви промени, на чело е селекцијата на САД, пред Шпанија, Франција, Србија, Аргентина, Литванија, Словенија, Хрватска, Грција и Австралија.

Се вчитува...