Македонија на 68.место на ФИФА листата за крај на 2019 година

Фудбалската репрезентација на Македонија ја завршува 2019 година на 68.место на ФИФА ранг листата.

На последното рангирање на ФИФА за актуелната календарска година, македонската селекција нема никакви промени во однос на ноемвриското рангирање.

Противникот на Македонија во полуфиналето од Лигата на нациите, селекцијата на Косово годината ја завршува на 115.место.

На врвот на ФИФА листата годината ја завршува Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Уругвај. Во Топ 10 се уште и селекциите на Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Се вчитува...