Македонија навикна на славење – Тбилиси, Дуизбург и сега Палермо (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На Италија ќе и треба долго време да се совземе од шокот кој вечерва и го приреди Македонија. Среде Палермо триумф на момците на Благоја Милевски, и пласман во финалето на баражот за Светско првенство, каде сега не чека последното скалило – Португалија.

Македонија во последно време навикна на славје. Славеше во Тбилиси, славеше сред Германија, а сега и на југот на Италија, пораз поради кој плачат и на средината, и таму горе на северот на земјата актуелен европски првак. Италијаните сакаа во неосовениот Палермо да слават пласман во финалето, но така не мислеше Македонија која преку Трајковски на крајот славеше голема победа. Италија втор Мундијал по ред ќе го следи од дома.

На крајот славјето на Трајковски и на целата Македонија во Палермо низ фотогалерија:

Се вчитува...