Македонија нема да биде домаќин на финалето од Лигата на нациите

Македонија и арената „Тодор Проески“ во Скопје нема да бидат домаќини во финалето од Лигата на нациите во битката за пласман на Европското првенство 2020.

Денешната ждрепка во УЕФА сакаше во финалето од Д лигата, победникот од пресметката меѓу Белорусија и Грузија да биде домаќин на победникот од второто полуфинале меѓу Македонија и Косово кое ќе се игра во Скопје.

Полуфиналната пресметка со Косово ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 26. март следната година, а финалето против победникот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија ќе се игра на 31. март.

Се вчитува...