Македонската тениска репрезентација успеа да ја оствари целта и се пласираше во Втората Европска зона во Дејвис Купот. Услуга ни направи Црна Гора со победата над Молдавците од 3-0, оставајќи ја оваа земја без шанси да се пласира на некоја од водечките позиции.
Македонците во сингл одиграа половично во дуелот со Летонија. Во првиот меч нашиот најмлад претставник Кристијан Јанев дебитираше и загуби од Рихардс Неиманис, додека триумф и израмнување за нас донесе Калин Ивановски. Нашиот најдобар тенисер беше подобар од Артур Загарс со 2-0.
Во последниот меч и борбата за победата Ивановски во двојка со Стефан Мицов ќе се судри со летонското дуо Озолинс Валинис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА