Македонија од сезоната 2021/22 ќе остане без место во УЕФА Лигата на Европа

Македонија со воведувањето на новата Конференциска лига на УЕФА, ново европско клупско натпреварување, ќе остане без свои претставници во второто по квалитет натпреварување Лигата на Европа.

Новата Конференциска лига ќе стартува од 2021 година и ќе има 32 екипи во групната фаза, а согласно промените 32 екипи во групната фаза ќе има и Лигата на Европа, која уште оваа и следната сезона ќе има по 48 клуба.

Токму овие промени носат и измени за Македонија и нејзините претставници во Европа. Со оглед на фактот дека Македонија, согласно клупскиот учинок во Европа, е на 39 место од 55 земји членки на УЕФА, и дефинитивно според измените во УЕФА од сезоната 2021/22 нема да има свои претставници во Лигата на Европа.

За сите земји кои се под 15-то место на УЕФА ранг листата, а меѓу нив и Македонија која никако не може да го достигне тој ранг, ќе нема место во Лигата на Европа. Освојувачот на Купот на Македонија како и второ и третопласираната екипа во шампионатот ќе учествуваат во квалификациите (три квалификациски кола и плеј-оф) од Конференциската лига. А во Лигата на Европа нема да има место и за клубовите кои не се шампиони во своите држави ако земјите се под 15. место на УЕФА ранг листата.

Согласно измените, пак, во Лигата на Европа ќе се играат само едно претколо и плеј-оф. Македонија претставник во Лигата на Европа единствено, согласно и досегашните правила, ќе може да има само доколку шампионот биде елиминиран во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Формата од квалификациите за Лигата на шампионите засега нема да има измени, што значи македонскиот шампион и натаму ќе стартува од второто квалификациско коло за место во групите од ЛШ.

Се вчитува...