Македонија официјално заврши на 22. место и го забележа најслабиот пласман на европските првенства

Дефинитивно е јасно кои се селекциите кои се пласираа од 13-тото до 22-рото место на Европското првенство во ракомет во Унгарија и во Словачка.

Македонија загуби на сите три меча во групата, и така предвреме ги заврши настапите, а на крајот стигна информацијата дека нашата селекција е пласирана на 22. позиција во конечниот пласман. Зад нас се само селекциите на БИХ и на Украина.

Воедно, ова беше најслабиот пласман на едно европско првенство на Македонија во историјата.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН (13-24 МЕСТО)

13. Чешка
14. Србија
15. Унгарија
16. Словенија
17. Белорусија
18. Словачка
19. Португалија
20. Австрија
21. Литванија
22. Македонија
23. БиХ
24. Украина

Се вчитува...