МАКЕДОНИЈА ОШТЕТЕНА: Голема неправда за Даниела Алексовска на Светското ММА првенство!

Даниела Алексовска беше поразена во полуфиналната борба на Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, и остана без можност за златен медал само поради НЕЛЕГАЛЕН ЗАФАТ на противничката – „neck crack“.

„Neck crack“ е нелегална техника во ММА која врши директен притисок и торзија (свртување) на вратот. Оваа техника не е дозволена затоа што може да предизвика сериозни повреди, како оштетување на пршлени, нерви или дури и трајни последици за натпреварувачот.

Судијата на натпреварот не ја заврши својата работа соодветно и не реагираше навремено, со што Даниела беше приморена да се предаде.

„Македонската ММА Федерација веднаш поднесе жалба до ИММАФ за поништување на одлуката. Одговорот што го добивме беше дека „одлуката не може да биде променета, поради тоа што жалбата не беше поднесена веднаш“. Сакамe да нагласиме дека во самата арена и октагон е строго забрането фотографирање и снимање видео материјали за докази, а во тој момент немавме интернет конекција за да можеме веднаш да реагираме“ – информираат од македонската ММА федерација.

ИММАФ дополнително информираше дека единствена мерка која може да се преземе е санкционирање на судијата задолжен за мечот, но одлуката за исходот на борбата нема да биде повлечена.

Се вчитува...