Македонија останува 67. на ФИФА ранг листата

Новото денешно рангирање на ФИФА не донесе никакви промени за македонската фудбалска репрезентација, која и понатаму останува на 67-то место. Новитет во однос на претходната листа е скокот на Аргентина на четвртото место, на сметка на Англија. Белгија остана на лидерската позиција, пред Бразил и Франција.

Меѓу најдобрите десет репрезентации се наоѓаат Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

За потсетување, Македонија во март ќе игра бараж за пласман на Мундијалот во Катар. Противник во полуфиналната фаза ќе биде Италија.

Се вчитува...