Македонија отвора нов круг во Лига нации, нека биде успешен како минатиот (ФОТО)

Карас го води загревањето, а сите фудбалери во круг ги слушаат неговите совети. Македонија го отвора новиот круг во Лигата на нации, овојпат скалило погоре – во групата Ц, но и понатаму главната аспирација е да се оди на Европското првенство. Ерменците ни „должат“ од минатиот циклус, доживеавме убедлив пораз во Ереван, па убаво би било да се реваншираме и со победа да го почнеме новиот круг во ова натпреварување, велат селекторот Игор Ангеловски и македонските репрезентативци.

Националниот тим го одржа официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во пресрет на утрешниот меч со Ерменија. Победа секогаш е прва цел, но и да видиме како функционираат сите линии по корона-паузата.

Се вчитува...