Ален Рустемовски остана без финале на боксерскиот турнир на Медитеранските игри во Таранто, Италија, по неправдата што му беше нанесена во денешната полуфинална борба во која за противник го имаше Шпанецот Хернандез.
Во борба во кој Рустемовски беше подобар од противникот, на крај загуби со 4-1 во одлуките на судиите. Од пет судии единствено азербејџанскиот судија Рахманов додели победа за македонскиот боксер, а останатите беа за Шпанецот.
Но, на таа непревда регираа од македонскиот тим во Таранто кои поднесоа жалба до судискиот одбор на боксерскиот турнир.
„Во моментов се поднесува официјална жалба до светската боксерска федерација од страна на генералниот секретар на МОК, како и Боксерска федерација на македонија. Според правилата, тие имаат обврска до крајот на денот да не известат дали ќе се поведе дисциплинска и евентуална промена на одлуката околу победникот во полуфиналниот меч“ – не информираа од македонскиот тим во Таранто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
