Македонија подобра, но без голови на полувремето против Грузија

Македонската репрезентација игра далеку подобар натпревар од Грузија во 4. коло од Лигата на нации, поблиску е до водството, но без голови по првото полувреме на националната арена „Тодор Проески“.

По почетното испитување на силите, повеќе од 20 минути избраниците на Игор Ангеловски диктираа ритам на натпреварот во континуитет наметнувајќи опасност пред голот на противникот. Сепак, првата посериозна шанса следеше во 32. минута кога во мешаницата пред голот на Грузија беше блокиран ударот на капитенот Горан Пандев.

Пандев го водеше тимот низ првите 45 минути, најопасен по противничкиот гол, но не успеа да реализира и по најубавата шанса за погодок во 42. минута.

Се вчитува...