Македонија подобра од Алжир за финале на “Трофеј Карпати”

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на „Трофеј Карпати“, откако во полуфиналето во Букурешт го совлада Алжир со 25-24 (15-9).

За Македонија ова е втора победа против алжирскиот национален тим, откако претходно го совладавме на турнир во Франција во 2015 година. Во финалето македонската селекција ќе игра со подобриот од натпреварот Романија – Холандија.

Македонија одигра одлично прво полувреме во кое комплетно го надигра противникот. Во второто полувреме Алжирците беа далеке поагресивни, ја намалија предноста но не успеаја да стигнат до израмнување. Алжир имаше и напад за израмнување во последните сметки, но Митревски одбрани носејќи победа за Македонија.

Марио Танковски беше најефикасен во македонскиот состав со осум гола, а Поповски запиша четири погодоци.

 

Се вчитува...