Македонија подобра од Црна Гора, ама залудно кога противникот има 0-1 на полувремето… (ВИДЕО)

Македонија комплетно ја надигра Црна Гора во првите 45 минути од пријателскиот натпревар на спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија, но сето тоа залудно кога противникот на полувремето има предност од 0-1 по единствениот директен шут кон голот на Столе Димитриевски.

А, со далеку подобро издание од дуелот против Молдавија, македонскиот состав аресивно го почна мечот со постојан висок пресинг, па сето тоа веќе во 12. минута резултираше со првата вистинска шанса на Елмас кој одлично шутираше од 20 метри, но одбрани противничкиот голман.

Македонија беше далеку подобра и во продолжението, наспроти Црногорците кои не успеваа да врзат „две топки“ и да излезат надвор од своите 30 метри. Па, во 19. минута следеше нов шут на Елмас за малку непрецизен, а потоа во продолжението во неколку наврати се закани Енис Барди кој имаше одличен шут од 25 метри во 26. минута. Следеше и шут од слободен удар за малку покрај левиот дирек од голот на Црна Гора на Барди.

Црногорците имаа само една единствена закана кон голот на Димитриевски преку Бакиќ во 41. минута од средбата, се до нивниот погодок кој следеше во 45.минута од првиот директен нивни шут кон македонскиот гол. По корнерот од десната страна, Јоветиќ со глава одлично реагираше за водство на Црна Гора од 1-0.

Се вчитува...