Македонија поразена и на втората контрола со Бугарија во Софија

Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа пораз и на вториот контролен натпревар во Софија против репрезентацијата на Бугарија.

Бугарите повторно беа подобри од нашата репрезентација со 3-1 (25-26, 25-17, 22-25 и 25-20) исто како и на вчерашниот натпревар. „Црвено-жолтите“ денеска за разлика од вчера го добија третиот сет со 25-22, додека останатите три ги загубија со 23-25, 17-25 и 20-25.

Овие контролни средби беа одлична можност за воигрување пред клучниот јануарски циклус и квалификациите за ЕП против селекциите на Турција и БиХ што ќе се одржат во периодот од 11 до 16 јануари.

Се вчитува...