Македонската кадетска репрезентација до 18 години загуби од Шведска со 29-33 во последното коло од групната фаза на Европското првенство до 18 години.
Младите наши ракометари имаат три едноподруго порази во исто толку меча, по поразите од Словенија и од Франција.
На полувремето Швеѓаните имаа предност од само два гола , 16-18, а потоа во ист стил и во вториот дел за конечна победа.
Дамчевски и Костов со по осум гола беа најефикасни во македонската селекција.
Утре е слободен ден на првенството, а потоа Македонија во понеделник и во вторник ќе ги одигра двете средби против Турција и најверојатно Италија од разигрувањето за пласман од 13. до 24. место на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
