Македонија повторно ги нервираше Италијанците, но без моќ за нов шок… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Рим,

Никола Станикевски

Македонската репрезентација повторно одигра натпревар со надигрување против европскиот шампион Италија, но овој пат далеку од сила за нешто повеќе.

Едно добро полувреме не беше доволно уште еднаш да се изненади Италија, иако избраниците на Благоја Милевски во второто полувреме јасно покажаа дека и тоа како може секогаш да се надигруваат со „аѕурите“, по она лошо прво полувреме.

Јани Атанасов покажа дека заслужено на претходните собири беше стартер пред Адеми…, средниот ред во вторите 45 минути покажа дека може да го контролира теренот и пред европскиот шампион но јасно беше дека претешко ќе биде да се надополни негативата од три гола по првиот дел.

Како и да е, играта од оние први 30 минути во второто полувреме треба да дадат силен мотив за квалитетно надигрување и против Англија на крајот од квалификациите за ЕП 2024.

 

Се вчитува...