Македонија пред шест, Ф.Острови оваа година: Знаете ли кои земји и натаму немаат претставник во групна фаза?

Првакот на Фарски Острови, Клаксвик е во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, со што овој мал тим обезбеди сигурно учество во групната фаза. Во најдобар случај, Клаксвик ќе игра во групната фаза во ЛШ, ако ги мине последните две пречки, од кои едната е норвешкиот првак Молде. „Фараните“ може да играат и во Лигата на Европа, а имаат сигурно обезбедено учество во Лигата на Конференции.

Македонија пред шест години за првпат, и засега последен го доби учесникот во групната фаза во името на Вардар, кој во 2017 година играше во Лигата на Европа во група со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.

Со пласманот на Клаксвик, Фарски Острови станаа 48-мата земја, од 55 кои имале преставник во групна фаза во Европа. Од оние земји кои и натаму немале претставник во групната фаза се БИХ, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Црна Гора, Малта и Северна Ирска.

Се вчитува...