Македонија против Ерменија на неутрален терен

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи репрезентацијата на Ерменија домашните натпревари во ноемврискиот прозорец и дефинитивно да ги игра на неутрален терен, надвор од Ерменија, поради конфликтот со Азербејџан во Нагорно Карабах.

Поради тоа натпреварот кој Македонија на 18. ноември треба да го игра на гости против Ерменија ќе се игра на неутрален терен, а градот домаќин дополнително ќе биде одреден. Покрај Ерменија, домашните натпревари во овој прозорец на неутрален терен ќе ги игра и Азербејџан поради истиот проблем.

А репрезентацијата на Македонија на 12. ноември прво ја очекува историскиот натпревар за пласман на ЕВРО 2020 против Грузија, а потоа и клучните натпревари за првото место во групата во новата Лига на нации против Естонија и Ерменија.

Се вчитува...