Македонија против Молдавија, Исланд и Малта во Дејвис Купот

Македонската Дејвис куп репрезентација ќе игра во Групата Б од натпреварите во Третата европска зона кои од утре па до 9. април ќе се играат во Созопол, Бугарија.

Македонските тенисери ќе играат против репрезентациите на Молдавија, која е носител на групата, и Исланд и Малта.

Согласно распоредот, Македонија утре ќе игра против Малда, во четврток на 6. април ќе се сретне со Исланд, а на 7. април (петок) играме против Молдавија.

За пласман во Втората евро-африканска зона потребно е да завршиме на првото место во групата, а потоа ќе вкрстиме со Групата Ц во која се репрезентациите на Ликсембург, Лихтенштајн, Сан Марино и Албанија.

Македонската репрезентација, предводена од селекторот Дејан Маринковиќ, е во состав Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Шендрит Деари и Горазд Србљак.

Се вчитува...