Македонија од денеска е домаќин на Светското првенство во крапски риболов 2026, во организација на Македонската риболовна федерација кое се одржува во Маврово.
На првенството учествуваат репрезентации од 33 држави, што го прави еден од најголемите меѓународни спортски настани од овој тип организирани во Македонија.
Натпреварувачкиот дел ќе се одржува на Мавровското Езеро од 2 до 5 септември, а свеченото затворање и доделувањето на медалите е предвидено за 5 септември.
Ова е прво Светско првенство во риболов што се организира во Македонија и претставува значаен настан како за македонскиот спортски риболов, така и за промоцијата на Маврово и Македонија како домаќини на големи меѓународни спортски настани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
