Македонија се комплетираше – „Мрме“ воигрува за Австрија и за Израел (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација од денеска е комплетна, па селекторот Игор Ангеловски почна со воигрување на тимот што во изменет состав ќе ги одигра последните две квалификациски средби за ЕП 2020.

Повредите и суспензиите му создаваат проблеми на кормиларот, но барем од денеска „црвено-жолтите“ почнаа да тренираат во полн состав, откако на националниот тим му се приклучија Пандев, Барди, Димитриевски и Несторовски.

Фудбалерите ќе тренираат во Скопје до четврток, веќе в петок летаат за Виена, каде в сабота ќе ги одмерат силите со селекцијата на Австрија. По враќањето во Скопје, „црвено-жолтите“ ќе го заокружат овој квалификациски циклус со домашниот натпревар против Израел.

Се вчитува...