Македонија се најде меѓу земјите со најголем број на фудбалери кои заминуваат во странство

Според официјалните податоци на „ЦИЕС“ и најновата анализа за бројот на интернационалци по земја, Македонија е на 42. место на глобално ниво, со 92 фудбалери кои играат надвор од својата татковина.

Македонската фудбалска репрезентација дефинитивно ги постигна своите најголеми успеси изминативе неколку години, а добрата промоција на меѓународно ниво обезбеди и поголем „извоз“ на фудбалери во странство.

Анализата прави споредба со 2017 година и според истата, Македонија пет години подоцна има за 53% повеќе интернационалци.

Македонија има свои претставници во 27 од 88 земји кои се влезени во истражувањето, а најмногу во Албанија (23), Словачка (9) и Унгарија (7).

Се вчитува...