МАКЕДОНИЈА со најубедлива гостинска победа по онаа славната од 1-11 со Лихтенштајн, ЕНИС БАРДИ е петти репрезентативец со хет-трик!

Македонската фудбалска репрезентација има само вкупно 15 гостински победи на официјални квалификациски натпревари за пласман на ЕП или СП или на настапите на УЕФА Лигата на нации, досега во својата историја.

Денешниот триумф против Ерменија во Ереван на момците на Благоја Милевски е најубедливата гостинска победа за Македонија по цели 25 години, после онаа првата победа на гости против Лихтенштајн од 1-11 во квалификациите за СП 1998. Од тој дуел во Вадуц во 1996 година, Македонија има само уште 14 гостински победи од кои најубедлива е токму онаа денешната. Интересно, првпат во историјата низ квалификациите за СП 2022 имаме три гостински победи во еден квалификациски циклус.

А од денешниот натпревар во Ереван за историја ќе остане запишан и хет-трикот на Енис Барди кој е само петти македонски репрезентативец во историјата со три постигнати погодоци на еден натпревар. Претходно, на официјален квалификациски дуел хет-трик има само Дејви Главевски во победата од 1-11 токму од оној дуел од 1996 година против Лихтенштајн. Бошко Ѓуровски е прв со хет-трикот во победата од 3-0 против Кипар во 1994 година, а Артим Шаќири има три гола на пријателскиот дуел против БиХ во 2022 година.

Хет-трик има и актуелниот репрезентативец Александар Трајковски кој на 12. ноември 2015 година Трајковски на пријателскиот натпревар против Црна Гора во Скопје во победата од 4-1 на Македонија постигна три гола.

СИТЕ ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ НА МАКЕДОНИЈА НА ОФИЦИЈАЛНИ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ
1996 ГОДИНА
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 1-11
1998 ГОДИНА
Малта – МАКЕДОНИЈА 1-2
2005 ГОДИНА
Ерменија – МАКЕДОНИЈА 1-2
2006 ГОДИНА
Естонија – МАКЕДОНИЈА 0-1
Андора – МАКЕДОНИЈА 0-3
2010 ГОДИНА
Андора – МАКЕДОНИЈА 0-2
2017 ГОДИНА
Израел – МАКЕДОНИЈА 0-1
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0-3
2018 ГОДИНА
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0-2
Гибралтар – МАКЕДОНИЈА 0-2
2019 ГОДИНА
Летонија – МАКЕДОНИЈА 0-2
2020 ГОДИНА
Грузија – МАКЕДОНИЈА 0-1
2021 ГОДИНА
Германија – МАКЕДОНИЈА 1-2
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0-4
Ерменија – МАКЕДОНИЈА 0-5

Се вчитува...