Македонија со пад на најновата ФИФА ранг-листа

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пад од пет места на најновата ФИФА ранг-листа и во моментов се наоѓа на делба на 73. позиција заедно со репрезентацијата на Кина.

Лошите настапи на квалификациските дуели со Полска и Австрија беа клучот за падот на националниот состав, кој изминатиот период бележеше само искачување на фифа-ранкингот. Од противниците во групата Полска е најдобро рангирана 19. Следува Австрија која е 26, а пред нас уште е и Словенија која е 65. Израел е 82, додека аутсајдерот Летонија е 137.

На врвот останува Белгија, пред актуелниот светски шампион Франција, Бразил и Англија, а во топ 10 уште се наоѓаат и Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Се вчитува...