Две нерешени средби против Белгија на гостински терен во Гент и дома со Казахстан, донесоа репрезентацијата на Македонија да има пад од две места на најновиот ранкинг на ФИФА.
Македонија одигра без голови со Белгијците на гости, а со Казахстан одигра само 1-1 во Скопје во октомврискиот квалификациски циклус, и на еден меч до крајот (на гости против Велс), нашата селекција на крајот може да избори бараж, односно да зарши како второпласирана.
Шпанија остана на чело на ранкингот, а има промена во втората позиција. Сега таму е Аргентина, која ја прескокна Франција. На четвртото место е Англија, петта Португалија, Холандија напредуваше за една позиција на сметка на Бразил, а во топ 10 влезе и Германија. Хрватска, пак, уназадуваше две позиции поради ремито со Чешка, и сега повеќе не е меѓу првите 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

